Стручен тим ќе прави проценка дали Јанкулоска ќе биде сместена во затвореното, полуотвореното или отвореното одделение на „Идризово“

by fokus

Екс министерката Гордана Јанкулоска од вечерва е во затворот „Идризово“, каде што треба да одлежи 4-годишна затворска казна. Од вечерва, па во следните 14 дена, таа ќе биде во посебно одделение, кое во затворот функционира од март, како заштита од Ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, во зависност од проценката на стручниот тим.

-Во следните 14 дена затвореничката ќе биде во новото одделение, создадено како превентива и заштита од Ковид-19, за сите кои влегуваат од надвор, а потоа ќе биде сместена во едно од трите женски одделенија, затворено, полуотворено или отворено одделение. Стручен тим во следните денови ќе прави проценка, меѓу кои и безбедносна, од која ќе зависи каде ќе биде сместена, изјави директорот на затворот Александар Донев за Фокус.

Јанкулоска попладнево беше спроведена во затворот откако во Кривичниот суд беше испратена одлуката на Врховниот суд со која се потврдува 4-годишната затворска казна.

В.В.

Поврзани новости