Настава со физичко присуство ќе има во 223 основни и 13 средни училишта

by fokus

Од вкупно 325 основни и 27 средни училишта, настава со физичко присуство ќе има во 223 основни училишта, 13 средни, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште. Не е дадена согласност за 94 основни и на 14 средни училишта.

Според листата што ја објави Владата, настава со физичко присуство ќе има главно со училишта во руралните средини и тоа во битолско, во општините Боговиење, Босилово, Брвеница, Делчево, Демир Хисар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Могила, Ново Село, Охрид, Пробиштип, Ресен, Росоман, Струмица, Свети Николе, Маврово- Ростуше, Студеничани, Желино, Градско, Јегуновце, Виница, Шуто Оризари, Дојран, Кавадарци.

Делумна согласност за организирање настава со физичко присуство Владата даде за музичките училишта во Кочани, Охрид, Неготино, Струмица, Кавадарци и Скопје и за централното основно училиште во Пробиштип.

Настава со физичко присуство може да се организира и во државното основно училиште за ученици со посебни во Ново Село.

Поврзани новости