516
Невремето кое го зафати Скопје, не ги поколеба голем број граѓани да излезат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.
Под мотото „Правдата е устав – СЈО е правда” стотици демонстранти го започнаа маршот.
На Шарената револуција вечерва им се приклучува и иницијативата „Го сакам ГТЦ”, со која заеднички ќе маршираат против барокизацијата на Градскиот трговски центар.