Стотина тетовски средношколци протестираат против екстерното тестирање

by Фокус

Стотина тетовски средношколци, кои следат настава на албански јазик денеска протестираа во Тетово против екстерното тестирање на плоштадот во Тетово, јави Телма.

Протестот го организираа средношколците од тетовската гимназија а на него се приклучија и ученици од медицинското и економското училиште.

– Имаме прашања на екстерното тестирање кои не се предвидени во програмата,тоа е крајно непрофесионално. За време не екстерното не постојат безбедносни камери, па така се случува ученици да препишуваат со помош на лица кои доаѓаат однадвор, за да вршат надзор за време на тестирање. Така се добиваат нереални оценки. Дури не тераат да одиме на Штуловиот универзитет и таму да се тестираме, затоа што во гимназијата немало просторни услови. Ова се причините поради кои ученците кои се тука присутни се против екстерното тестирање – истакна ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Поврзани новости