Ромер: Македонија е единствена земја во Европа каде се носат штрајкбрехери и се казнуваат наставници

by Фокус

Никаде во Европа не се носат штрајкбрехери во училиштата и не се казнуваат наставниците на начин, како што тоа се прави во Македонија. Ако штрајкувате, штрајкувате и Владата мора да го почитува тоа, истакна Мартин Ромер, претседател на Европскиот синдикат на денешната прес – конференција одржана заедно со раководството на СОНК.

Тој претходно бил на средба со министерот за образование Абдулаќим Адеми и првиот човек на труд и социјала Диме Спасов.

– На средбата им кажав дека Македонија изготви уникатен модел за казнување. Мене ме радуваат иновациите, но ова е несреќен нов изум. Ако си наставник во Македонија, од старт можеш да очекуваш дека ќе си казнет или дека ќе ти биде запрен дел од платата. Никаде во Европа нема пример наставниците да плаќаат за да одат на работа – истакна Ромер.

Тој повика да престане пропагандата со која штрајкот на СОНК се прави обид да се претстави како лична борба на Јаким Неделков пред изборите. Ромер ги поддржува барањата на штрајкувачите.

 

 

Поврзани новости