Според првичните информации од комисиите за проценка на штети кои работат на терен во поплавените подрачја во Скопје, земјоделските површини се стопроцентно уништени.
Вкупно 13 комисии на Министерството за земјоделство, 7 во скопскиот и 4 во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини и кај добитокот.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вчера соопшти дека сите земјоделци, без разлика дали се регистрирани во регисерот, ќе бидат обештетени.