Над 3 милиони евра за новиот Луна парк во Скопjе

by fokus

Четири дена по катастрофалното невреме, Град Скопје распиша тендер за набавка на реквизити за новиот Луна парк, во вредност од 1,7 милиони евра.

Со тоа, вкупната сума за изградба на паркот достигна 3,2 милиони евра, пари кои ќе се трошат од градскиот буџет.

Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“, која има рок од 22 месеци да го изгради паркот.

Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк.

Поврзани новости