305
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија се важни и апелираше до српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти да бидат конструктивни во дијалогот.
„Договорите под покровителство на ЕУ во Охрид се важни и очекувам претседателот на Србија и Албин Курти да бидат конструктивни и да напредуваат. Ова е клучно за долгорочната стабилност и иднината на регионот во Европа и евро- Атлантска структура“, напиша Столтенберг на Твитер.
Генералниот секретар на НАТО додаде дека КФОР „ќе продолжи да работи за да обезбеди ситуацијата на Косово да биде стабилна и мирна“, пренесе Танјуг.