Пендаровски ја победи Силјановска со 58.499 гласа

by fokus

Стево Пендаровски ќе биде петти претседател на Македонија, откако со значителна предност ја победи својата конкурентка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од изборите.

Според официјаните податоци од ДИК, од обработени 100% на гласовите, Пендаровски освои 436.212 гласови, а за Силјановска гласале 377.713 граѓани. Поточно, Пендаровски ја однесе победата со 58.499 гласови повеќе.

Во проценти, за Пендаровски гласале 51,66 од избирачите, а за неговата противкандидатка 44,73%. Бројот на неважечки ливчиња пак изнесува 30.442 или 3,61%.

Поврзани новости