Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и во Атина со истата порака како и кај нас. Договорот во Македонија ќе се имплементира, и грчкиот парламент треба да го ратификува и кај нив, во спротивно би се поткопал националниот кредибилитет на земјата. Тој ова го вели, одговарајќи на прашањето што доколку договорот помине во Македонија, а не во Грција, со оглед на позициите на коалицискиот партнер во грчаката влада Независни Грци, и опозициската Нова Демократија, која отворено е против Догворот, и вели дека нема да го поддржи кога ќе треба да се гласа во парламентот.
-Уверен сум дека ако се гласа ЗА на референдумот во ФИРОМ, тие ќе го имплементираат, бидејќи на сите мои политички средби во Скопје тоа ми беше истакнато. Секако, тоа е демократски процес во двете земји. НАТО не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака, но уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на која било од земјите“, вели Столтенберг.