Мицкоски по средбата со Меркел: Наредната недела ќе имаме став за референдумот

by fokus

Наредната недела ќе го утврдиме ставот за референдумот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, која ја остварија во Германската амбасада во Скопје.

„Ова беше тет-а-тет средба со канцеларката Ангела Меркел. Беше пријателска средба, како лидери на две сестрински партии. Главен акцент на разговорите беше претстојниот референдум. Јас ги истакнав позициите на нашата партија, зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор со Грција. Ја запознав со нашата акција ’Лето за Македонија‘, која е во тек, укажувајќи дека ние како партија ќе се ориентираме според волјата на граѓаните. Во текот на наредната недела ќе имаат состанок партиските тела и конечно ќе ја утврдиме нашата позиција за референдумот на 30 септември“, рече Мицкоски, по 20-минутната средба со Меркел.

Меркел ја напушти амбасадата и замина кон аеродромот без да даде изјава.

Поврзани новости