Општините со „врзани раце“ во делот на решавање на проблемот со дивоградбите. Наодите на општинските градежните инспектори не се релевантни за институциите на системот. Донесените решенија за уривање на илегално изградените објекти се одбиени, а локалните самоуправи немаат друг правен механизам да ги исчистат површините запоседнати од дивоградби.
– Не станува збор за бесправно изградена соба или некоја надградба на куќа, туку изградба на објекти над 100-тина квадрати коишто се на државно земјиште и кои по сите Закони и според аписниците на градежните инпектори треба да бидат отстранети затоа што немаат дозвола за градба, ниту пак имаат сопственст на земјиштето. Но, второстепена комисија веќе неколку пати го поништува решението на градежниот инспектор, со содредени забелешки кои не се според Закон – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Изминатите 8 месеци, од второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски се поништени десетина решенија издадени од општинските градежни инспектори.
– Постапува незаконски, ги поништува и има основен сомнеж за корупција и тоа е причината зошто се поништуваат овие решенија, додаде Јорданов.
Јорданов најави дека наскоро ќе бидат јавно обелоденети сите дивоградби во општината.
– За да не служат како пример на останатите сограѓани кои што можат да го практикуваат истото – изјави Јорданов.
Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти со месеци е заглавен во собраниска процедура, што дополнително го комплицира решавањето на овој горлив проблем.