Стојанка ја нема два дена, ќерката апелира во потрагата да се вклучат волонтери!

by Fokus

Веќе два дена се трага по Стојанка Ѓоргиева (75) од Скопје, која излегла од дома и и се изгубил секаков траг. Исчезнувањето на жената која е заболена од Алцхајмерова болест било веднаш пријавено во полиција, а нејзината ќерка Даниела за ,,Фокус” апелира за било каква информација која би довела до нејзино пронаоѓање.

-Никогаш во минатото не се случило мајка ми да замине од дома и да не знаеме каде се наоѓа. Потрагата по неа трае, би апелирала доколку има доброволци кои сакаат да се вклучат, да се јават на мојот телефонски број 071 349 172. На истиот број може да ме контактираат и граѓани кои имаат било каква информација во врска со мајка ми – појаснува ќерката.

Додава дека доколку некој ја забележи мајка и, треба да и пријде и да ја запре, бидејќи доколку и зборува, таа нема да може да слушне поради оштетениот слух.

-Според наши информации, мајка ми тргнала покрај каналот во Инџиково, низ Илинден. Претпоставка е дека можеби се наоѓа во Индустриската зона во Илинден. Таа е слаба жена, со темна коса прошарана со седи влакна, собрана во опавче. Забележително е тоа што на себе носи блуза во јака портокалова боја. Апелираме за помош во нејзиното пронаоѓање – изјави ќерката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости