Стојам облечен во бело како Тито, а вие ме држите во притвор, истакна Боки 13

by Fokus

Не се плашам дека ќе ме ‘самоубијат’ во кофа ако ја отворам пандонираната кутија, чукна часот, рече Бојан Јовановски – Боки 13 на почетокот на неговите заврши зборови во случајот „Рекет“, каде е обвинет за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, пренесува 360степени.

Тој го нарече овој предмет театар од кој српскиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ би црпел инспирација.

„Да беше жив Бранислав Нушиќ можеше слободно да ги замени неговите дела, “Госпоѓа министерка” со “Госпоѓа обвинителка”, “Сомнително лице” со “Сомнителен сведок”, а “Ожалестено семејство” со “Ожалостена држава”. Зошто? Затоа што сите сме сведоци на еден театар во судницата за оваа постапка”, рече Боки 13.

Го спомена и Зоран Милески – Кичеец нагласувајќи дека е оперативец и агент провокатор, па им забележа на судовите како можеле да го пушти во домашен притвор, а потоа и на слобода, а по него да го држат во притвор речиси 11 месеци. Боки на судечкиот совет му покажа и фотографии тврдејќи дека се од вчера, а на кои се гледа Кичеец.

„Шара и хара низ Скопје со својата параполиција и седи со директори, а мене што стојам во бело облечен тука како Тито ме држите во притвор”, додаде Боки 13.

ФОТО: 360 степени

 

Поврзани новости