Три позитивни случаи на Ковид 19 и во Геронтолошка установа во Скопје

by Fokus

Три позитивни случаи на Kовид-19 се откриени во геронтолошка установа во Скопје во рамки на скринингот, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број направени тестови (727) во изминатото деноноќие 312 се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се три позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје, додаваат од ресорното министерство.

Поврзани новости