Обидот да се стави знак на еднаквост меѓу евро и евро-атлантските интеграции и бришењето на името на Република Македонија е само обид да се признае неспособноста на оваа власт предводена од Зоран ЕВРО Заев. ЕУ и НАТО не бараат да се избрише името Република Македонија, не бараат промена на Уставот со додадена фуснота за македонскиот јазик или да се дообјаснува националноста. ЕУ и НАТО не бара откажување од македонската историја, традиција и култура, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран ЕВРО Заев доброволно капитулираше наводно во име на Република Македонија, прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот. Тој е подготвен да направи срамен обидот повторно заедно со Димитров да го продаваат овој капитулантскиот договор за успех на македонскиот народ. ЕУ јасно порача дека не промената на името, туку реформи кои се вистински потребни на сите граѓани во Република Македонија. Единствено што се очекува од Република Македонија е исполнување на критериумите за почнување на преговори. Тоа не подразбира ослободување на Зоран ЕВРО Заев. Тие услови не подразбираат наместени партиски тендери и корупција на секое ниво во власта. Тоа не подразбира најавени судски пресуди и амнестии. Тие не подразбираат полнење на администрацијата со неспособни партиски кадри. Од овој договор обврски има само Република Македонија. Од вкупно 6 обврски, 5 и пол се за Македонија, половина обврска за Грција. Имено Грција ќе го ратификува овој договор, само откако кај нас ќе биде променет Уставот“, рече Стоилковски.
Според него, Република Македонија нема никаква гаранција дека по промената на Уставот, Грција е обврзана да го ратификува таканаречениот договорот.
-Што ќе преземе Заев доколку во ноември или декември владата на Ципрас падне или не обезбеди мнозинство за ратификација на овој договор, а ние сме го ратификувале договорот или сме промениле Уставот? Се имаше ли предвиде дека со ваков зафат трајно се нарушува позицијата и националните интереси на Република Македонија. Заев свесно ја лаже јавноста. Лага е дека со ова добиваме членство во ЕУ, бидејќи Грција не се обврзува на тоа. Доколку нема реформи, можеме пак да останеме пред вратите на Унијата, со сменето името, променет идентитет, јазик и Устав. Имајќи предвид дека реформите не се јака страна на Зоран ЕВРО Заев, ова е мошне очекувано. Не смее да дозволиме државата да биде ставена на коцка. Зоран ЕВРО Заев и СДСМ мора да си заминат. Коцкањето со државата не смее да продолжи. Република Македонија мора да тргне напред“, рече Стоилковски.