Локвенец: Да ја искористиме шансата!

by fokus

Нека ни е честит уште еден голем историски успех! Mакедонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата. Горди сме! Македонија- триесеттата земја членка на НАТО. Македонското знаме, на триесеттиот јарбол пред седиштето на Алијансата!, рече Хари Локвенец, на денешната прес конференција на СДСМ.

Локвенец заклучи дека по неодамнешното добивање датум за преговори со ЕУ, ова е уште едно голем признание за сите граѓани.

-Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет. Пред нас е историска можност за почеток на преговори за членство во ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО. Ова е остварување на врвните национални и државни интереси на Република Македонија и сите нејзини граѓани. Се реализира децениска желба на цела една генерација, се обезбедува стабилноста и македонската иднина, рече Локвенец.

Поврзани новости