Стоилковски: Возачот на „бентлито“ е Бурим Маслам Харачина, осуден криминалец, кој дивее по цена од 45 евра

by fokus

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДППМНЕ на вонредна прес конференција објави дека возачот на „бентлито“ е Бурим Маслам Харачина, за кој тврди дека е осуден криминалец, лежел за обид за убиство и со две активни кривични, а според него, е заштитен од Заев и Спасовски како бела мечка.

-Харачина дивее во Скопје по цена од 45 евра, во неговиот дом е направен и претсес во акцијата на полицијата во Грчец и Арачиново, најдено е оружје, тоа е човекот кој лумпува по скопските улици, а го казнуваат со само со 45 евра – рече Стоилковски кој објасни дека според законот на Харачина треба да му се поднесе кривична пријава поради загрозување на безбедноста на граѓаните.

Градоначалникот Петре Шилегов пак денеска изјави дека возачот на автомобилот со марка „бентли“ покрај тоа што е казнет со 45 евра, ќе добие и кривична пријава.

Поврзани новости