Партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес – конференција објави нови детали за аферата којашто ја обелоденија викендов и ја нарекоа „Шпанско село 2“ и објави документи од Агенција за катастар, според кои кои прецизно укажуваат дека семејството на сопругата на министерот Филипче и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Освен со газдата добитник на тендери од министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека смејството на Филипче било коспоственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.
-И купопродажниот договор за овие две сега парцели, поголемата црвената и жолтата во близина каде што сега се гради популарната касарна на Филипче, и тој документ покажува дека и ова било еден имот, со КП број 1867, покажува документот дека и тој е заеднички купен од братот на сопругата на Филипче и од Горан Филипов, директорот на „Синерџи Медикал“. Значи и овие сега две парцели, можат да бидат, односно некогаш биле шарени заеднички од како и овие другите погоре. Уште една манипулација на Филипче. Не се работи за земјоделско земјиште, како што вели тој, односно министерството за здравство туку за градежно земјиште. Тоа го покажуваат документите кои што се потврдени и донесени од Општина Карпош. Во министерството за здравство можеби не знаат, но семејството на министерот добро знае дека согласно Законот за Градежно земјиште со донесувањето на урбанистичките планови, автоматски се извршува и пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Во конкретниов случај се донесени еден општ и еден конкретен документ со кој детално се разработува што ќе биде предмет на градба. Тоа е Архитектонско урбанистичкиот план, финансиран од инвеститорите, на нивен трошок. А тој покажува „Намената за градба: А4- Времено сместување“. Еве ја и следната лага и манипулација. Ова е тој документот АУП. Тоа е документ од 2017 година за урбанизација финансиран од инвеститорите односно од Филипов и семејството на министерот Филипче, односно неговата сопруга. Видно од АУП-от за Катастарските парцели е дека на овие локации не е предвидено да се гради семејна куќа, каде што стои на самата табла, каде што сега заеднички се гради таканаречената касарна на Филипче. Туку се градат 5 објекти со намена А4 – времено сместување со секој од нив со приземје, кат и поткровје и со вкупна површина за секој поединечно од 324 м2 или сите заедно 1620 м2, обвини Стоилковски.
Стоилковски обвинува дека во непосредна близина на овие парцели, имало и парцели кои биле во сопственот на директор на Ургентен центар, Хасани.
-Тие се здружено поседувани од семејството на Филипче, односно од неговата сопруга, сопственикот на Синерџи и внимавајте – Директор на Клиника др. Илир Хасани. Тие заедно купиле плац запишан во Имотен лист број 1304 КО Нерези вон град со површина од 2.624 м2 . Како што гледате Јордан Савевски, дедото на министерот Филипче, Илир Хасани директор на клиника и Горан Филипов добитници на тендерот од министерство за здравство. Да потсетиме, седум милиони евра од институциите под надлежност на министерот Филипче во време кога тој е министер се префрлаат на фирмата Синерџи, односно добива тендери односно на Горан Филипов. Синерџи од клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација, анестезија, интензивно лекување и Ургентен центар, според јавно достапните податоци во периодот кога Илир Хасани директорува добива повеќе од 3,7 милиони евра. Илир Хасани од 2017 година е директор на клиниката и на Ургентниот центар и на КАРИЛ. Во 2017 година е именуван и за национален советник на министерот за здравство. Значи уште еден близок човек на министерот кој што го наименува за советник и купува имот заедно со добитник на тендери и со таткото на сопругата на министерот. Само на првата страна од алатката за јавни набавки за компанијата Синерџи медикал најголем клиент му е клиниката со која што директорува партнерот со кого имаат заеднички имот и со таткото на сопругата на министерот Филипче. И последната и најголема набавка е на крајот на 2019 година што се префрла и во оваа година, обвини Стоилковски.
Илир Хасани покрај овие парцели заедно со дедото на Венко Филипче купува уште една парцела со површина 2606 м2, а за да си го обезбеди делот до градежните плацеви, купува уште една парцела со површина од 353 м2.