Централниот регистар објаснува: Ние не ја испитуваме законитоста на податоците врз основа на кои вршиме упис

by Фокус

Од Централниот регистар предмалку испратија соопштение со кое ја аргументираат издржаноста на нивната одлука да одобрат упис на новите имиња на две училишта во Чаир, што предизвика низа политички реакции, вклучително и од експремиерот Зоран Заев, кој изјави дека одлуката е незаконска.

„Согласно Законот за едношалтерски систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица и Закон за основното образование Согласно член 39 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица Централниот регистар не ја испитува законитоста и вистинитоста на содржината на прилозите (исправите и доказите) што се поднесуваат при упис во регистрите; не ја испитува законитоста на постапката во која тие се донесени и не испитува дали податоците што се запишуваат во регистрите се вистинити и во согласност со закон. За вистинитоста и законитоста на прилозите и податоците одговара лицето, односно лицата определени со закон“, велат од Централниот регистар.

Од таму додаваат дека согласно Законот, при уписот се испитува дали: Централниот регистар е надлежен да постапува по пријавата, дали се исполнети условите за упис определени со закон, дали потписникот на пријавата е овластено лице за нејзино поднесување, дали пријавата за упис ги содржи сите податоци во согласност со закон, дали кон пријавата за упис се приложени сите прилози утврдени со закон, дали податоците внесени во пријавата за упис се исти како и податоците во прилозите кон пријавата, дали под иста фирма, односно назив или име е регистриран друг субјект на упис и кон пријавата за упис е приложен доказ за уплатениот надоместок за уписот.

„Од овластените лица(директорите) на двете основни училишта на ден 24.02.2020 година беше поднесена Пријава и прилог докази за упис на промена назив, скратен назив и статут на училиштата. Централниот регистар по разгледување на пријавите за упис и прилог доказите кон истите, (меѓу кои и Решенија за согласност на изменетите статути дадени од Министерството за образование и наука во согласност со член 26 од Закон за образование, Одлуки за измени на статутот од Училишниот одбор, пречистени текстови на статутите, Заклучок за давање на позитивно мислење на статутите од општината Чаир) оценил дека се исполнети условите за упис и донел Решенија со кои е извршен упис на бараните промени. Централниот регистар согласно Закон не смее да испитува, дали Решението од Министерството за образование и наука или Одлуката за измена на статутот од Училишниот одбор се донесени во законита постапка, ниту да навлегува во вистинитоста на содржаните податоци“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости