Боки 13 останува во притвор, Апелација не му ја прифати гаранцијата од 140.000 евра

by fokus

Бојан Јовановски останува во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи Апелациониот суд ја отфрли неговата жалба и гаранцијата од над 140.000 евра која ја нудеше за да излезе од притвор. Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од Апелациониот суд.

Боки 13 како гаранција ја нудеше куќата на негов братучед во вредност од околу 102 илјади евра и деловен простор, локал во вредност од 40 илјади евра или вкупно 143 илјади евра.

Неговиот адвокат како аргумент плус ја образложи и неговата здравствена состојба за којашто треба посебен режим на исхрана, кој не може да се спроведува во затвор.

Јовановски е повеќе од седум месеци во притвор, за разлика од другите обвинети во случајот “Рекет”. Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева е во куќен притвор и другиот обвинет, Зоран Милевски – Кичеец кој беше осуден, и до правосилноста на просудата е во куќен притвор.

Поврзани новости