Стевче Јакимовски и Илија Димовски заедно на Питијада во Велес

by Фокус

Откако градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, неодамна сечеше лента со министерот Зоран Ставрески, односно заедно го отворија плоштадот „Делфина“ во Влае, ја продолжи дружбата и со останатите членови од Владата.

Па така, пред неколку дена Јакимовски, во друштво на пратеникот  Илија Димовски присуствувал на Питијадата во Велес. Заедничката фотографијата пратеникот Димовски ја објави на својот фејсбук профил, но не се чекирал со Јакимовски, како што тоа го направил со останатите кои биле со него.

Летоска, пак,  Јакимовски се фотографираше и со премиерот Никола Груевски, кога заедно фрлија лопата на камен темелникот на новиот кружен тек во населбата Ѓорче Петров.

Јакимовски до неодамна беше во коалиција со СДСМ, но тиквата пукна пред одржувањето на локалните избори.

Поврзани новости