Стерлинг доби „нога“ од англиската репрезентација

by fokus

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е суспендиран од репрезентацијата на Англија за квалификацискиот натпревар на ЕУРО 2020 против Црна Гора.

Според извештаите на медиумите, Стерлинг имал физичка пресметка со дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез на еден од тренинзите на „Гордиот Албион“.  Тие веќе имаа конфликт за време на дербито во првенството во Англија, во кој Ливерпул беше поуспешен од Манчестер со 3:1.

– Решивме да не го вклучиме Рахим во натпреварот против Црна Гора. Една од главните причини е тоа што играчот не може да го одвои клупското ривалство од настапите за репрезентацијата. За жал, неговите емоции по дерби мечот сепак беа свежи. Имам чувство дека донесовме вистинска одлука. Важно е сите играчи да се поддржуваат едни со други и да се фокусираат на натпреварот во четврток, изјави англискиот селектор Гарет Саутгејт.

Поврзани новости