Удрил во пешак, па починал во Клинички центар

by fokus

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна незгода, откако возило „мерцедес“ удрило во жител на Градец, а подоцна во Клинички центар пешакот починал.

„На 11.11.2019 во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.И.(60) од с.Борово, удрило во пешакот С.А.(67) од с.Градец, кривопаланечко. Во незгодата, С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка“, велат од МВР.

Поврзани новости