Стенирање на трансекција на аорта

by Fokus

На Клиниката за Кардиологија, во Скопје, за прв пат самостојно од наш тим, беше изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта. Кај 42-годишен пациент, после сообраќајна незгода, со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови, дијагностицирано е раскинување на зидот на аортата. Ова е животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%.

Слика 1. КТ на Аорта. Стрелките го покажуваат местото на раскинување на ѕидот на аортата

Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози (Жан Зимбаков, Оливер Бушљетиќ), васкуларен хирург (Мишел Андов) и анестезиолог (Стефанија Ханџиска). Во ангио-сала на клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал.

Слика 2. Поставување на “стент” на местото на раскинување на ѕидот на аортата. Стрелката ги покажува “нишките” на стентот

Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на зидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата.

Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше “сошиена”, а пациентот успешно разбуден после анестезијата.

“ Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната  и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност.

Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето  на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходнои основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри” изјваи Др Жан Зимбаков, директор на клиниката.

Слика 3. Екипата по завршување на процедурата со катетерот кој се користи за внесување и поставување на стент во аортата

Мишел Андов                           Жан Зимбаков                       Оливер Бушљетиќ

(васкуларен хирург)            (интервентен кардиолог)       (интервентен кардиолог)

Поврзани новости