Стејт департмент: Заев и Ципрас покажаа храброст и упорност при решавање на спорот за името

by Фокус

Решението на спорот за името позитивно ќе се одрази во двете држави и ќе ги зацврсти регионалната безбедност, просперитет и заедничката европска иднина, изјавија од Стејт департментот за Атинската новинска агенција во Вашингтон.

Околу прашањето како евентуалното неотпочнување на преговорите за влез на Македонија во Европската унија ќе се одрази врз референдумот и имплементирање на договорот за името, од Стејт департментот велат:

„САД го поздравуваат историскиот договор за решение на спорот за името. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во постигнување заедничко прифатливо решение“.

Поврзани новости