Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување, реагираат денеска од Стејт департментот на одлуката на Иванов.
-Доколку биде применета оваа одлука таа ќе ги заштити корумпираните функционери и ќе оневозможи правда за народот на Македонија. Таа дополнително ќе го поткопа владеењето на правото, интегритетот на судските институции и кредибилитетот на посветеноста на лидерите на темелните вредности на НАТО и ЕУ“, се вели во изјавата на претставникот на Стејт департментот, Џон Кирби.
САД го повикаа Иванов да ја преиспита оваа одлука и да дозволи Специјалното обвинителство, востановено како дел од договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владини злоупотреби и да им дозволи на судовите да ја исполнат својата работа.