479
Адвокатите на обвинетите во случајот Титаник на денешното рочиште побараа од СЈО да достави доказ за тоа како се обезбедени бомбите кои СЈО ги користи како доказ. Обвинителката Лиле Стефанова истакна дека ваквото барање е недозволено.
“Барањето на адвокатите на обвинетите да се изведе доказ како се обезбедени доказите е недозволиво. Исто така и останатите приговори поврзани со бомбите се стари и по нив веќе е одлучувано, истакна обвинителката Стефанова.
Претходно, адвокатите цели два часа ги оспоруваа бомбите, а обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески истакнаа дека не можат да бидат осудени врз основа на незаконско прислушувани материјали кои ги прекршиле нивните човекови права.
- Обвинителката Стефанова на денешното рочиште предлоќжи и при преслушувањето на бомбите во судница, 1.063 на број, јавноста да биде исклучена при 7 бомби, бидејќи станувало збор за приватни разговори.