Жена „оперирала“ низ маркети во Свети Николе

by Fokus

Жена извршила неколку кражби во маркети во Свети Николе, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 15:55 часот во маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе непознато женско лице извршило разбојништво при што со употреба на сила и закани кон вработената, од касата одзела околу 5.000 денари во различни апоени, по што заминала во непознат правец. Истиот ден околу 16:00 часот во друг маркет на улица „Септемвриска“ во Свети Николе, М.Ј.(33) од Свети Николе, со употреба на сила и закана кон вработената, од касата одзела 6.600 денари во различни апоени, по што го напуштила местото на настанот. По преземени мерки, околу 17:00 часот полициски службеници ја пронашле М.Ј. и ја лишиле од слобода, истата е задржана во Полициската станица Свети Николе за понатамошна постапка.

Поврзани новости