Стефан Богоев: ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во црква – „Простете им, не знаат што прават“

by Fokus

Потпретседателот на владејачката СДСМ, Стефан Богоев, на Фејсбук реагира на денешниот настан организиран од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, обвинувајќи ја опозициската партија дека држела партиски митинг во црква.

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во црква. Додека некој успеа да се избори за признавање и автокефалност на МПЦ – ОА, Мицкоски од друга страна прави груба и досега невидена партизација на црквата. Простете им, не знаат што прават!“, напиша Богоев во објавата.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во охридската црква „Света Софија“ организираше „свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј“, насловена „Милениумско дело и завет“, на која се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а настанот се пренесуваше во живо на социјалните мрежи.

Поврзани новости