Стефан Богоев вети 10.000 евра за младите бизнисмени ВИДЕО

by fokus

Мора да се даде фер шанса за секој млад човек за живот во Македонија, порача од Делчево Стефан Богоев, претседателот на младите социјалдемократи.

– Многу од нивните другари се веќе заминати во странство а и тие самите излезот го гледаат надвор од нашата држава бидејќи тука не можат да најдат работа. Ние сме решени да ги задржиме овде, во Македонија. Затоа испланиравме повеќе активни мерки.

Младите кои ќе имаат добра идеја за сопствен бизнис ќе добијат 10.000 евра неповратни пари – помош од државата.

Ќе дозволиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал.

Ќе отвориме и старт-ап центри во коишто државата ќе обезбеди бесплатен деловен простор за новите компании во првите две години, кога им е најпотребна. Ќе добијат бесплатно одржување, архива и сметководство за да можат да се фокусираат на градење на бизнисот – рче Богоев.

Тој рече дека сево ова е можно да се оствари, само доколку парите се насочат кон вистинските приоритети.

– А наш приоритет е да ги задржиме младите овде, и да им овозможиме нормален живот и фер шанса за успех. Заедно ќе успееме во тоа – додаде Богоев.

 

 

 

Поврзани новости