Убиство во крушевско Алданци

by fokus 14:18
14:18

Во полициската станица во Крушево, вчера било пријавено дека во селото Алданци има починато лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека пред семејната куќа во селото Алданци, во двор има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот, информира попицијата.

Медицинска екипа од Здраствениот дом Крушево констатирала смрт на 52-годишниот М.П.

- Advertisements -

Известен е Јавен обвинител кој извршил увид на местото на настанот.

Приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Поврзани новости