Според распоредот за испрашување сведоци денеска на дневен ред е министерот за финансии Зоран Ставревски. Седницата на Анкетната комисија за прислушувањето е закажана, но неизвесно е дали министерот, кој остана запаметен низ аудио снимките по реченицата „Ние трошиме на чоколада, а немаме за леб“, ќе се појави.
Претходно екс- министерот Миле Јанакиевски не се појави на закажаниот термин за да биде испрашан од пратениците за неговите сознанија за прислушувањето. Истото го направи и Груевски, но потоа се појави во друг термин, но сведочеше на затворена седница. Со оглед дека беше затворена, пратениците немаа право во јавноста да изнесуваат детали од неговото испрашување, единствено портпаролот на СДСМ, Шилегов изјави дека премиерот избегнал многу прашања на комисијата.