Одблизу: Скромни лидери или маскирани милионери?

by Фокус

Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија преку документарниот филм за имотната состојба на лидерите на четирите најголеми партии го преставува богатството на Груевски, Ахмети, Заев и Тачи. Колку имот имаат и дали го пријавиле? Дали Македонија е земја на богати лидери? Зошто никој не сака јавно да зборува за сопственото богатство?

Документарниот филм на Скуп Македонија е дел од серијалот документарци Одблизу и открива дали политиката била добитната комбинација на лидерите. Податоците зборуваат дека Груевски станал побогат за седум пати откако е на власт. Заев, според пријавениот имот, е најбогат. Тачи е единствениот кој во Катастарот на недвижности е запишан со осум имотни листови и има куќа од 1 000 квадрати. Ахмети осиромашил, но сепак е милионер.

Соговорниците во филмот, поранешни антикорупционери и соработници на лидерите, се присетуваат дека некои од лидерите влегле во политиката како голтари или со по 100 евра во џебот, а сега, кога се во врвот, поседуваат многу, и имот и пари. Но, дали само пријавеното е тоа што го поседуваат? Дали имаат начин како да сокријат имот?  Дали тоа значи дека се перат пари?

Одговорите на сите прашања поврзани со богатството на Груевски, Ахмети, Заев и Тачи се во третиот документарен филм Одблизу.

Поврзани новости