Ставрески за директорите од ВМРО-ДПМНЕ: Да не е Миле да ги камшикува, нема да мрднат со прст!

by fokus 15:42
15:42

Екс министерот Зоран Ставрески воопшто не бил задоволен од ангажираноста на директорите за време на кампањата за изборите во 2011 година. Во телефонски разговор и се жали на колешката Гордана Јанкулоска дека да не бил Миле Јанакиески, кој тогаш беше шеф на изборната кампања, немало да мрднат со прст.

-Да не е Миле да ги камшикува, не би мрднале со прст. Седат во канцеларија и пијат кафе. Во четири години, 20 дена имаат нешто да сработат, и за ништо не ги бива, и вели нервозно Ставрески на Јанкулоска.

- Advertisements -

Во Кривичниот суд во моментот се објавуваат бомби за случајот Титаник, односно за изборните измами за изборите во 2011 и 2013 година.

 

 

Поврзани новости