Јанкулоска со нарачка: Охрабри ги Антикорупциска да отворат предмет за имотот на Б.Ц.

by fokus

Откако Гордана Јанкулоска во средe изборна кампања во 2011 година, повлекува врски и по нарачка на Мартин Протугер дознава дека сопругата на Бранко Црвенковски има куќа во Корчула, Хрватска, прави нарачка до Антикорупциска да отворат предмет.

-Ај кажи Антикорупциска да си имаат предмет за имотот на Б.Ц. Јави им се на Борче и на Љубинка, охрабри ги!, му вели Јанкулоска на Иво Котески.

На крајот на разговорот Јанкулоска уште еднаш му вели на Котески да сврти некој телефон и да се јави на тогашниот претседател на комисијата Воислав Зафировски.

Од следниот разговор меѓу двајцата сопартијци се дознава дека Антикорупциска ја послушала партиската наредба, односно се охрабриле да постапуваат.

-Отворија предмет, а сега да ги притиснеме да објават дека има корупција, му вели Јанкулоска на Мартин Протугер.

Овие разговори се дел од стотината кои се предложени од СЈО како доказ во случајот Титаник, а се објавуваат во моментот.

Поврзани новости