Ставот дека некој исклучил струја поради Мицкоски е на ниво на забеганост, велат од СДСМ

by Fokus

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забеганоста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, возвратија од владејачкиот СДСМ откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од власта зошто снемало струја додека лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, држел говор во објектот на Филхармонија.

„Режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти. Тоа во суштината е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Титаник“ и целиот криминал на режимот“,велат од СДСМ.

Од СДСМ сметаат дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ и дека „тоа е истата режимска партија со истиот начин на размислување и делување управувана од двоецот Мицкоски – Груевски

Поврзани новости