Стартува првиот ветерен парк „Богословец“

by fokus

Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во земјата во вредност од 61 милион евра, кој во 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата.

-Овој проект е исклучителен придонес кон пренасочување на нашето национално производство на електрична енергија кон обновливи избори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата  и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно – рече премиерот Зоран Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, потенцираше дека изградбата на ветерната електрана „Богословец“ е инвестиција на домашна компанија со која ќе се зголеми учеството на енергетиката произведена од ветерни електроцентрали во државата за дополнителни 36 мегавати. 

-Ова нека биде пример за сите наши стопанственици – домашни, но секако и странските кои се повеќе од добредојдени да инвестираат во нашата држава за да ја користат можноста да инвестираат во обновливите извори на енергија во нашата држава бидејќи нашите закони тоа веќе го овозможуваат, нашата определба како Влада, како Министерство, како други институции кои се вклучени тоа го овозможуваат на транспарентен, конкурентен и отворен начин каде сите ќе бидат еднакви – рече Бектеши.

Владата ја одобри изградба на ветерниот парк на барање на „Тор Импекс“, проектна компанија што го развива проектот за „Богословец“, а „Siemens Gamesa“ ќе произведува и ќе инсталира осум ветерни турбини на локацијата.

Поврзани новости