Старица загина во пожар во Прилеп, другите членови на семејството се спасиле

by Фокус

Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп.

Пожарот се случил изутрината околу 8 часот и избил во приземјето на семејната куќа на Спиркоски на улицата „Никшиќка“ број 10.

Од прилепската противпожарна единица велат дека повикот во единицата бил во 8,37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.

Во приземјето живеела 72-годишната Олга Спиркоска, додека на катовите живееле двата сина на починатата со своите семејства.

На првиот кат бил еден од нејзините синови со двете ќерки, а на вториот кат биле мајката и ќерката.

Поврзани новости