Машиновозачите го прекинаа петдневниот штрајк, постигнат е договор да нема санкции

by Фокус
По петдневниот прекин на работата, попладнево е постигнат договор помеѓу машиновозачите и раководството на ЖРСМ Транспорт, што значи дека се нормализира железничкиот товарен и патен сообраќај.
Од раководството за МИА рекле дека со цел фирмата да не трпи дополнителни финансиски штети постигнат е договор од попладнево да се нормализира товарниот сообраќај, а во меѓувреме да продолжат преговорите за барањата на машинскиот персонал за зголемување на надоместот за квалитет на плата од 30 на 40 проценти.
Душко Чакаровски, претставник на машиновозачите, пак, изјавил дека договорено да нема санкции против никој.

Поврзани новости