551
Вчера попладне, 78-годишен жител на Ѓавато бил пронајден починат во нива во атарот на селото. Утврдено било дека починал како последица од загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива.
„На 19.03.2019 година во 18:40 часот во Полициска станица Богданци било пријавено дека Б.В (78) од село Ѓавото, општина Богданци, бил пронајден починат во нива лоцирана во место викано „Парагон“ атар на село Ѓавото. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. По преземени мерки било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството“, велат од МВР.