Старец почина откако бил прегазен од автомобил во Скопје

by fokus

Старец од Скопје починал, откако бил прегазен на булеварот „Александар Македонски“ од автомобил во Скопје.

„На 27.09.2019 во 09.30 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Скопје, удрило во пешкот Д.Д.(80) од Скопје. Во незгодата Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде во 12.15 часот починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости