386
Поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев, кој моментално е прв човек на европските социјалдемократи, на денешниот митинг во Скопје порача дека потребно е враќање на демократијата и слободата во Македонија.
– Вашата порака е јасна – сакате мир, сакате демократија. Слободата на говор беше потиснувана со години, но тоа не е прифатливо, не повеќе – рече Станишев, додавајќи дека владата многу пари потрошила на скапи проекти, наместо на образование, здравство, социјала…
На протестот уште присуствуваат Кнут Флекенштајн од редовите на француските социјалисти и Ричард Ховит од британските лабуристи.