Сарачини: Грујо оди си!

by Фокус 15:25
15:25

Пред малку пред Владата проговори и Петрит Сарачини, активист и креатор на „Безомразно“.

– Кога ве гледам вака мене ми тече низ нозете а можам да замислам на пастирот. Суверенитетот им припаѓа на граѓаните. Царот во оваа држава сме ние, граѓаните на Македонија. Собрани сме заедно да и порачаме не само на оваа власт која заминува, со која 9 години не можеме да се избориме, туку на идната власт да и порачаме будни сме и нема да заспиеме, со нас ќе треба да се договорите, и нема вие да бидете царевите, нас ќе ни служите, и ќе им покажеме со она што следува, со овие работливи и чесни луѓе, денес суверенитетот го држеме во наши раце и никогаш повеќе нема да го испуштиме. Грујо оди си, нема правда нема мир, рече Сарачини.

- Advertisements -

 

Поврзани новости