Откако медиумите пред десетина дена објавија документ во кој може да се забележи дека екс директорката на МПМ, Јана Станисављева земала плата од 25.000 евра на месечно ниво, „Фокус“ се потруди да открие какви функции во меѓувреме имала како прв човек на компанијата.
Според нашите информации, Станисављева имала дополнителни приходи од повеќе Управни одбори во кои членувала. Таа во 2009 година е поставена како член на Филмски фонд, а една година подоцна, во 2010 година таа е разрешена од истата функција.
Освен тоа, поранешната директорка на МПМ е разрешена и од Управниот одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија. Одлуката во Службен весник е објавена на 24 декември, 2014 година. Исто така, според пребарувањата во Службен весник, таа на 10 мај, 2017 година е разрешена и од Агенцијата за странски инвестиции.
Станисављева доаѓа на чело на МПМ на крајот на 2011 година, а го напушта раководното крило во февруари, 2017 година, кога заедно со Орце Камчев излегоа од сопственичката структура.