Георгиевски: Влатко Ѓорчев во 2003 ми велеше дека ме сака, но дека странците се за Груевски

by Фокус 10:54
10:54

Поранешниот премиер и прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, за Дојче Веле вели дека е исклучително горд на однесувањето на неговиот поранешен сопартиец Влатко Ѓорчев за време на насилството во парламентот, но истовремено посочува дека Ѓорчев драстично ги променил ставовите во споредба со времето кога тој ја предводел партијата.

-Могу сум горд сум што Ѓорчев покажа таква високо хумана, човечка димензија. Тоа беше исклучително важно во тие критични моменти. Денес никој не може да го оспори фактот дека тој направи сѐ за да го смири гневот и да ги заштити колегите, без оглед од која партија се. За жал, тоа е редок пример. Дојдоа други времиња, други личности, некои луѓе што ги познавав се променија, но се променија и некои ставови. На пример, во 2003 година токму Ѓорчев ми зборуваше: „Слушај, те сакам и многу те почитувам, ама странците се за Никола“. Денес гледам дека и тоа се сменило – изјавил Георгиевски.

- Advertisements -

Поврзани новости