Откако Асоцијацијата на архитекти на Македонија застана против одлуката на властите за поставување на барокна фасада на зградата „Ибни Пајко“, поддршка добија и од станарите. Еден од станарите денеска испратил порака до Асоцијацијата на архитекти во која вели дека станарите со жив штит ќе ја бранат зградата.
-Како сопственик на стан во зградата „Ибни Пајко“, дозволете да ве известам дека до нас нема стигнато никаков писмен документ за промена на фасадата. Станарите се едногласни во својата одлука дека не сакаме промена и истата е пренесена до градоначалникот на Град Скопје. Би сакал да напоменам дека станарите кои се во поодмината возраст се решени да стојат пред зградата и да не дозволат никкаква промена, без нивна согласност, се вели во пораката од станар на „Ибни Пајко“.