ФРОДЕМ: Експертска влада за спас од барокните подруми на политичкото подземје

by Фокус

Здружението Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) смета дека единствен излез од политичката криза е можен само со вклучување на „5-тиот елемент”, граѓанскиот, професионален и експерстки потенцијал на земјата, одосно формирање на експертско-техничка влада.

-Јавна тајна е дека народот е заложник на неспособноста на четирите партии да ја внесат Македонија во нормалниот цивилизиран свет. Своја вина носат и оние граѓани кои пасивно им се препуштија на криминалците, затскриени зад политички партии и полициски значки. Македонија е изморена и нема јуначки капацитет да ги решава своите наталожени проблеми. Затоа проблемите се решаваат со тегавење, безочно меѓусебно обвинување и влечење на цела земја кон амбисот, велат од ФРОДЕМ.

За ова здружение експертско-технократската влада треба да биде ефективна и ефикасна доработка на постојната влада.

-Во целото ова транзициско-криминално сивило треба да се одаде признание на „Вистината за Македонија“ која направи сериозен обид да ги расветли мувлосаните барокни подруми на политичкото подземје. Сепак, поради тактизирање и спорост и овој зафат може да го изеде „забот на времето“ и бандитската пропаганада! Ја поздравуваме „Шарената револуција“ како автентичен глас на граѓаните кој треба да биде дежурен коректив на сите обиди преку забошотувања и политички трикови и тактики да се суспендира правото и демократијата, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Поврзани новости