Во Македонија нема нема доволно случаи, кои стигнале до јавното обвинителство и нема случаи кои се процесирани, а се однесуваат на корупција, што е невобичаено во споредба со земјите од регионот, вели Џејмс Стајн, директор на УСАИД во земјава во интерву за Радио Слободна Европа. Тој вели, дека сака да види антикорупциската комисија да има доволно ресурси и персонал, за да може активно да го исполни мандатот и да се бори со корупцијата.
Стајн ја коментира и состојбата со медиумите во Македонија:
-Разочарувачко е рангирањето на Македонија. Се разбира, дека сакаме да видиме подобрување на тие рангирања. Ние сметаме дека независноста на медиумите е многу важна, тоа е основа на плуралното демократско општество. Слободата на изразување во САД е првиот амандман во Уставот со кој се штити слободата на изразувањетo – тврди Директорот на УСАИД во Македонија.