Стабилно и суво – за време на викендот РАНО ЛЕТНИ температури

by fokus

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 18 степени. Потоа во следните неколку денови ќе биде значително потопло и стабилно. За време на викендот максималните дневни температури на воздухот ќе бидат рано летни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Според најновите анализи со кој располагаме, од самиот почеток на следната недела следува нова промена на временската состојба кај нас и ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, на планините од снег како и пад на температурите.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости